Пад на доларот по победата на Трамп

Германската берза реагира на изборите во САД, Берлин, 09.11.2016

Светските берзи и американскиот долар имаа пад по веста дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе биде 45 претседател на Соединетите Американски Држави.
Инвеститорите стравуваат дека изненадувачката победа на Трамп може да предизвика глобални економски и пазарни метежи и години на политичка неизвесност.
Акциите на европските берзи утринава паднаа, а на американскиот пазар акциите паднаа за пет отсто во еден момент што е поголем пад од претходниот во јуни по одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.
Индексот на Вол Стрит падна за три отсто, а и американскиот долар имаше вртоглав пад во односот на јенот и еврото.