Иран бара Трамп да го почитува нуклеарниот договор

Министерот за надворешни работи на Иран Моханед Зариф зборува на прес конференција во Романија, Букурешт, 09.10.2016

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф рече дека избраниот американски претседател Доналд Трамп треба да остане посветен на нуклеарниот договор потпишан меѓу Техеран и светските сили.

За време на неговата кампања Трамп вети дека ќе го искине нуклеарниот договор кој го нарече „еден од најлошите договори кои ги видел“.

Секој американски претседател треба да ја разбере стварноста во денешниот свет, рече Зариф денеска за агенцијата Ташим. Тој додаде дека е најважно идниот американски претседател да се држи до договорот и до преземените обврски. Зариф се наоѓа на службено патување во Романија.