САД избираат меѓу Клинтон и Трамп

Претседателски избори во Денвер,Колорадо,САД

Американците гласаат за избор на нов претседател,по една од најспорните кампањи во историјата на САД. Гласачките места се отворени во многу места на источниот брег од 6 часот изутрина по средно европско време, иако во неколку мали градови во државата Њу Хемпшир, САД, веќе го дадоа својот глас.

Рекорден број на Американци, повеќе од 46 милиони ,гласаа на т.н рани избори по пошта или на избирачките места.

Кандидатот на демократите, Хилари Клинтон го даде својот глас во близина на нејзиниот дом во малиот град Чапакуа, недалеку од градот Њујорк. "Јас сум многу среќна, јас сум само неверојатно среќна", рече Клинтон која се појави на избирачкото место со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.

Резултатите од гласањето на западниот брег ќе бидат познати доцна навечер односно рано наутро во среда . Кандидатот кој ќе освои мнозинство од 538 те електорални гласови треба да го наследи Барак Обама, 44. претседател на земјата и првиот Афро-американец на таа позиција.

Потпретседателскиот кандидат на Клинтон, сенаторот Тим ​Кејн , гласаше со својата сопруга во неговата матична држава Вирџинија.

Набљудувачите на изборите известуваат за рекордна излезност на т.н рано гласање и необично силен одѕив меѓу латино американските гласачи, што може да и даде предност на Клинтон.