Во Германија уапсени петмина приврзаници на ИД

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер

Германските власти уапсија пет лица осомничени за врски со милитантната група Исламската држава. Мажите се уапсени денеска , по серијата акции во западната држава Северна Рајна-Вестфалија и северниот дел на државата Долна Саксонија. Канцеларијата на федералниот обвинител соопшти дека лицата биле уапсени под сомнение за поддршка на терористичката организација. Меѓу уапсените има еден ирачанец идентификувани како Ахмед Абдула Абдулазиз кој отворено ја поддржува ИД во Германија Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, рече дека од клучно значење е да се спречат луѓето да станат толку радикализирани со што се во опасност да станат терористи.