Нови апсења на Косово поради тероризам

Приштина

На Косово се уапсени уште две лица, кои се осомничени за тероризам, а ова е продолжување на полициската акција во која минатата недела беа приведени седум лица под сомневање дека планирале напади на Косово и во други делови на Балканот. Антитерористичката единица на косовската полиција изврши операции на три различни локации во Качаник, Витина и Митровица, при што уапси две лица, поради сомнеж дека „дејствувале против безбедноста и уставниот поредок на Косово“. Косовскиот јавен обвинител изјави дека седумтемина осомничени припадници на Исламска држава, кои се приведени минатата недела на Косово, планирале напади на Балканот и добивале инструкции од екстремисти во Сирија. Тие имале контакти во соседните држави, Македонија и Албанија, додека останатите осомничени од истата група и понатаму се на слобода.