Расмусен: тензиите меѓу НАТО и Русија може да траат со децении

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на економски форум во Швајцарија, 9 јуни, 2016

Руското наметливо однесување кон НАТО може да трае со децении, вели поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во интервју за Радио Слободна Европа. Тој во интервјуто вели дека Русите се чувствувале понижени и предадени во 90-тите години на минатиот век и тоа е причината зошто има силна желба да се обнови руската величина на целата територија на поранешниот Советскиот Сојуз. Расмусен е загрижен дека тоа може да трае толку долго колку и Студената војна.

Односите меѓу НАТО и Москва се влошија по руското анектирање на Крим во 2014 година.