Поповска се откажа од добитното место на листата на СДСМ

Архивска фотографија - Поповска во Собрание.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска се откажа од добитното место на листата на СДСМ за пратеник во Собранието. Таа на прес конференција рече дека за својата одлука ќе го извести и СДСМ и дека ќе се бори од друга позиција која сега се смета за недобитна. Таа на листата на СДСМ, која беше објавена вчера, беше поставена на четврта позиција во втората изборна единица. Поповска вели дека ДОМ има квалитетни кадри и дека е сигурна дека на добитното место ќе влезе личност која достојно ќе се бори за демократските принципи.

Таа вели дека не сака функција по секоја цена и, како што вели, сега Македонија е пред голема битка во која сите си се потребни едни на други.