ОН - Решението за Кипар е на дофат

Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун со лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи и претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис (десно).

На дофат е договорот за повторно обединување на поделениот Кипар, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки мун. Денеска во Лозана, Швајцарија започнаа преговорите меѓу лидерите на поделениот Кипар. На преговарачката маса се претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи. Предвидено е преговорите да траат пет дена и ќе бидат насочени на територијалните спорови, кои повеќе од 40 години ги поттикнуват несогласувањата меѓу грчката и турската заедница на Кипар, а ќе се разговара и за други „отворени прашања“.

„Решението за Кипар е на дофат. Очекувањата во двете заедници се големи“, изјави генералниот секретат на ОН денеска пред новинарите во Лозана.

Кипар е поделен од 1974.