Социјалистот Радев води на изборите за претседател на Бугарија

Кандидатот на опозициската левица на Бугарија Румен Радев, според првичните резултати, во првиот круг од претседателските избори добил скоро 25 насто од гласовите. Претседателот на парламентот Цецка Цанчева од партијата на премиерот Бојко Борисов е на второто место со освоени 22,3 проценти. Предизборните анкети покажуваа дека Цанчева ќе победи во првиот круг. Поради тоа што ниту еден кандидат го нема неопходното мнозинство од 50 насто, ќе се одржи втор круг на 13 ноември. Пред изборите Борисов изјави дека ќе свика предвремени парламентарни избори доколку Цанчева не успее да стане претседател уште во првиот круг. Радев кој е од Социјалистичката партија се залага за потесни врски со Русија и е за крај на санкциите врз Москва.