На Косово уапсени лица за планирање терористички напади

Приштина

Јавното обвинителство на Косово соопшти дека седуммина осомничени за врски со екстремистичката организација Исламска држава биле уапсени во минатата недела за планирање напади на Балканот. Антитеростичката полиција, како што беше соопштено вчера, во петокот извршила акција во три градови на Косово. Лицата имале контакти во соседните земји како Македонија и Албанија, а според јавното обвинителство, дел од нив се уште биле на слобода. „Тие подготвувале терористички напади на територијата на Балканот, но најпрвин на Косово“, наведува косовското обвинителство.