Груевски со критики кон опонентите пред партиската Унија на жени

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски на конференцијата на Унијата на жени на партијата. 06.11.2016

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски се обрати на 17-тата годишнина на Унијата на жени на партијата, најавувајќи дека за пет недели заедно со коалицијата ќе започнат ново време, кое Македонија го заслужува.

Груевски рече дека тоа ќе го направат со одлична, реална и остварлива програма, со нови кадри и извлечени поуки и пропусти од минатото, со сериозна сондажа на мислењето на народот за нивните нови мерки, како што рече, за натамошно подобрување на квалитетот во земјата.

Тој вети голема изборна победа со 63 пратеници и ги ктирикуваше политиките на СДСМ, Специјалното јавно обвинителство и странците.

Груевски рече дека опозицијата има тактика да отвора неактуелни теми и за тоа да ангажира луѓе.

Во таа насока, за интервјуто на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски на ТВ Телма, рече дека тој изнел квалификации и навреди за неговиот вујко и прв министер за внатрешни работи по независноста на Македонија, Јордан Мијалков.

„Тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати да им одговори. Идејата им е да викаат тотално безначајни фигури кај нивните експонирани новинари, да си наметнуваат теми кои тие мислат дека ќе ни наштетат, а кои пак ако се размисли подобро, немаат никаква врска со изборите и со реалните проблеми на луѓето“, рече Груевски нарекувајќи ги „некролошки матачи на вода пред избори“, изјави Груевски.

За Специјалното јавно обвинителство, наведе оти обвинителите покренуваат измислени обвиненија, дека вработувалое активисти на СДСМ и без основи покренувале измислени обвинувања, без вина и без правен основ и докази.

За припадниците на Шарената револуција, за новоформираните политички партии, рече дека нивната единствена употребна вредност била да направат барем мала штета на ВМРО - ДПМНЕ.

Груевски го коментираше и случајот за заменикот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, нарекувајќи го „криминално полициската хајка и пример за двојни стандарди.“

Тој рече дека не треба да биде изненадување ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова во своето обраќање истакна оти денес македонската жена ужива многу права и дека државата и нуди многу опции како да ги реализира и остварува.

„Успешноста за остварувањето на правата не може да се оценува исклучиво според еден критериум, туку според повеќе“, вели Рангелова додавајќи дека за среќа тие денеска не дикутиралр за родова еднаквост, туку дека истата ја уживаат.

Таа посочи дека даваат поддршка на проектот на Владата на Република Македонија за повеќедетно семејство која ја поддржувале околу 17 илјади жени.