Сириските Курди подготвуваат акција за преземање на Рака

Припадници на Сириските демократски сили.

Курдските сили поддржани од САД го објавија почетокот на кампањата за преземање на Рака, кој е де-факто главен град на екстремистичката група Исламска држава (ИД).

Сириските демократски сили, кои се доминантно курдски сили предводени од Единиците за заштита на курдскиот народ, денеска на прес-конференција го објавија стартот на кампањата.

„Добивме меѓународни ветувања дека ќе ни биде обезбедена воена поддршка за операцијата во Рака“, изјави командантот на силите.

Информацијата доаѓаа во услови кога ирачките владини сили поддржани од курдските сили Пешмерга и воздушните напади на САД, се борат за преземање на северниот ирачки град Мосул од групата на ИД.

САД ги смета курдските милиции за најефективни сили во борбите против ИД во Сирија.