Над 20 загинати во две експлозии во Ирак

Ирачко момче гледа во улицата со крв по детониран експлозив од бомбаш самоубиец на 11 јуни 2014.

Во самоубиствени бомбашки напади во два града во северен Ирак, загинаа најмалку 21 лице и десетици се повредени.

Смртоносните напади се случија додека силите на ирачката Влада се борат против милитантите на групата на Исламската држава за преземање на северниот град Мосул, кој е втор по големина во Ирак.

Денешните напади во Тикрит и во Самара се дел од серијата диверзантски напади од страна на екстремистичката група.

Во Тикрит, за врема на утринскиот метеж самоубиец активираше аксплозив во амбулантна кола на јужниот влез на градот, при што загинаа 13 лица.

Друг напаѓач активирал експлозив прикачен на автомобил, на паркинг каде верници биле на посета на шиитски светилишта во Самара, убивајќи најмалку седум лица.

Властите во двата града прогласија полициски час, стравувајќи од нови напади.