Димитриев на средба со шефови на влади од источна Европа и Кина

Премиерот Емил Димитриев и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев и владина делегација денеска се во посета на латвискиот главен град Рига, каде присуствуваат на петтиот состанок на шефовите на влади на земјите од средна и источна Европа и Кина, состанок кој е централна точка на Самитот на земјите од средна и источна Европа и Кина.

Овој Самит се одржува петта година по ред и негова основна цел е унапредување на мултилатералната соработка на земјите учеснички, како и унапредување на билатералната соработка на секоја од земјите учеснички со Народна Република Кина.