Плевнелиев предупредува на руското влијание врз Бугарија

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека Русија се обидува да ја подели и да ја ослабне ЕУ. Тој во интервју за Би-Би-Си, предупредува на руското влијание во Бугарија и низ европскиот континент и сугерира дека ЕУ има потреба од преземање „многу поцврста линија“ кон Русија од сегашната. Плевнеливев вели дека Бугарија била изложена на силен кибер напад за време на минатогодишниот референдум и локалните избори, тврдејќи дека со сигурност нападот бил поврзан со Русија.

„Заканата сега не е од тоа руски тенкови да освојуваат делови од Европа, туку од влијанието кое е насочено да го подели континентот. Целта на претседателот Валдимир Путин е да ги направи другите земји зависни“, изјави Плевнелиев во интервјуто за Би-Би-Си.

В недела во Бугарија се одржуваат претседателски избори, на кои актуелниот шеф на државата не учествва. Неговиот мандат истекува во јануари идната година, по што тој се повлекува од функцијата.