Во Турција упасени лидерите на курдската партија

Селахатин Демитраш

Турската полиција ги уапсила двајцата лидери на главната курдска партија во земјата, Народната демократска партија, како и неколкумина пратеници од оваа партија како дел од истрагата за тероризам, јави државната новинска агенција Анадолу. Лидерот на партијата Селахатин Демитраш бил уапсен во неговиот дом, додека копретседателот Фиген Јукшегдаг бил задржан во Анкара. Двајцата и порано беа обвинувани за неколку дела, но никогаш не биле приведувани. Народната демократска партија е трета најголема партија во земјата и и има 59 пратеници во парламентот.