Екс романскиот претседател Басеску, државјанин на Молдавија

Поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску

Поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску стана граѓанин на Молдавија и најави дека политички ќе се ангажира во таа земја. Басеску и неговата сопруга Марија добија молдавско државјанство откако дадода заклетва во амбасадата на Молдавија во Букурешт. Молдавија беше дел од Романија до 1940 година. Како романски претседател од 2004 до 2014 година Басеску промовираше поблиски односи со Молдавија и пропагираше нивно обединување. Тој ќе се кандидира за изборите за Сенатот закажани за 11 декември.