Најмалку 240 мигранти се удавиле на брегот на Либија

Архивска фотографија на борд со мигранти.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека најмалку 240 луѓе се верува дека се удавиле во два потонати брода на крајбрежјето на Либија. Портпаролот на УНХЦР во Италија, Шарлота Сами изјави дека лицата кои преживеале, 31 на број и кои пристигнале на островот Лампедуза соопштиле дека нивните чамци се превртеле додека пловеле по морето. Според нив, најмалку 240 лица исчезнале во несреќата. Најголем дел од патниците биле од суб-сахарска Африка. Повеќе од 4200 мигранти загинаа додека патуваа низ Сероземното море годинава, според податоците на Меѓународната организација за миграција.