Во воздушен напад во Авганистан загинале 26 цивили

Протестите во Кундуз против убиството на цивили.

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 26 цивили загинале, меѓу кои жени и деца, а десетици биле повредени во воздушен напад во западниот дел на земјата. Десетици луѓе денеска протестираа во авганистанскиот град Кундуз против убиството на цивили во воздушните напади во земјата. Демонстрантите ги носеле и телата на 20 жртви од нападите.

НАТО соопшти дека нападите биле спроведени со цел да се заштитат пријателските сили за време на нивната операција во Кундуз во која загинале и двајца американски војници, а двајца биле повредени. Според алијансата, сите извештаи за смртта на цивилите ќе бидат истражени.