Путин му додели руско државјанство на Стивен Сигал

Рускиот претседател Владимир Путин му додели руско државјанство на американскиот актер Стивен Сигал. „64 годишниот Сигал подолго време беше упорен во барањето да добие руско државјанство“, изјави на денешната прес конференција во Москва, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Сигал е една од неколкуте познати личности од Западот кои биле примени од Путини кои имаат пофални зборови за него. Претходно руско државјанство добија францускиот актер Жерар Депардје и американски боксер Рој Џонс Џуниор. Во јануари, Сигал доби српско државјанство, наведувајќи дека тој се чувствува како Србин.