ОН го осудија користењето човечки штитови во Мосул

Ирачки сили во близина на Мосул, 01.11.2016.

Советот за безбедност на ОН ги осуди милитантите на Исламската држава за користењето човечки штитови во борбите во ирачкиот град Мосул. Во изјавата по состанокот зад затворена врата, Советот побара заштита на цивилите. Во извештајот на агенциите за човекови права на ОН се наведува дека милитантите земале илјадници цивили од нивните домови за да ги користат како човечки штит.