Вучиќ: Време е за подобри односи со Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека се надева оти Србија и Хрватска ќе имаат многу подобри односи откако на чело на Владата во Загреб е Андреј Пленковиќ. „Се надевам дека односите ќе бидат многу подобри и мислам дека Пленковиќ го мисли истото и се надева на тоа, истакна Вучиќ за време на посетата во Хамбург, одговарајќи на прашањето како ги гледа односите на Србија и Хрватска откако лидерот на ХДЗ ја добил премиерската позиција. Вучиќ истакна дека двете земји можат да дадат нов импулс во односите и покрај тоа што „атмосферата не е лесна“.