Српските власти денеска од притвор го ослободија високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи, кој пред повеќе од еден месец беше притворен во Србија под сомнение за тероризам, информираа српските медиуми. Српската државна телевизија РТС информира дека Нехат Тачи денеска е ослободен откако обвинителите ја прекинале истрагата против него. Тачи беше приведен откако на крајот од септември од Косово влегол во Србија. Косово протестираше против неговото апсење.