Украинските пратеници не си ги зголемија платите

Седница на украинскиот парламент на 21 октомври 2016

Украинските пратеници денеска го отфрлија предлог-законот за повеќе од двојно зголемување на нивните плати. Во медиумите се појавија извештаи за богатството и приходите на владините функционери и членови на парламентот. Според предлогот, нивните плати ќе се зголемеа на околу 1500 долари, додека просечната плата во земјата е меѓу 200 и 300 долари.