Престанок на работата на комбинатот Југохром од Јегуновце?

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово

Државниот инспекторат за животна средина донел решение за престанок на работата на комбинатот Југохром од Јегуновце. За оваа одлука министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска ја информираше градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според министереот Амети ова решение било донесено согласно законските прописи и претходните одлуки што го обврзуваа овој комбинат до денеска да постави систем за отпрашување.

За Арифи, ваквата одлука на инспекторатот е во согласност со нивните ставови дека запирањето на работата на Југохром во овој период од годината ќе придонесе за почист воздух во регионот.

Сепак, конечното решение за запирањето на работата на Југохром, односно постапување по ова барање на државниот инспекторат за животна средина треба да го донесе Владата.