Турција и Русија ја разгледуваат меѓусебната воена соработка

Началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар ги поздравува насобраните граѓани на протестот против неуспешниот воен удар изведен на 15 јули годинава, на 7 август 2016 во Истанбул

Началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар, пристигна во посета на Москва, каде со својот руски колега Валери Герасимов ќе разговараат за прашања на воена соработка меѓу двете земји и случувањата во регионот.

Русија и Турција, која е членка на НАТО, поддржуваат различни страни во сирискиот конфликт, кои се меѓусебно спротивставени.

Во последните месеци двете држави ги нормализираа односите, кои беа драстично влошени откако турски сили урнаа руски воен авион над Сирија. Во септември, Герасимов ја посети Анкара и разговараше со Акар за меѓусебните воени односи.