Министерството за култура ја укина забраната за македонска музика

Министерството за култура соопшти дека донело решение за запирање од извршување на одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, бидејќи е оценето оти не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права. Решението на Министерството со кое се укинува одлуката на ЗАМП за забрана за емитување македонска музика влегува во сила со денот на донесувањето.

„Авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права“, стои во соопштението на Министерството за култура.