Турција: по Мосул идна цел треба да биде Рака

турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш

Турција инсистира Рака, главното упориште на милитантите на Исламската држава во Сирија, да биде следна цел откако ирачките сили ќе ја вратат контролата врз Мосул. „Турскиот став во врска со операцијата во Рака е јасен, воена преземање на овој стратегиски град“, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер во минатата недела исто така изјави дека Рака би требало да биде следната цел за сојузниците предводени од САД. Ирачките сили и курдските Пешмерга борци на 17 октомври започнаа офанзива за ослободување на Мосул и, според последните извештаи, тие веќе се наоѓале во близина на градот.