Ослободена со кауција славната Авганистанка од насловната на Нејшнл Џеографик

Шарбат Гула, славната Авганистанка од насловната на Нејшнл Џеографик

Авганистанската жена која остана запаметена по насловната фотографија на Нејшнл Џеографик е ослободена со кауција, денови откако беше приведена во Пакистан под сомнение за измама.

Шарбат Гула чии зелени очи ја направија позната како дете бегалец, беше приведена во северозападниот град Пешавар на 26 октомври поради фалсификувани документи за идентификација.

Гула која сега има 40 години, доби меѓународна слава откако во 1984 година воениот фотограф Стив Мек Кари ја донесе на насловната страница на светското списание.Мек Кари ја пронајде повторно во 2002 година во Авганистан.