Сончево време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималните температури ќе се движат од минус два до пет степени, амаксималните од 11 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минимални температури од 0 степени, а максимални од 14.