ДИК: Досега пријавени 2.099 македонски гласачи од странство

Macedonia - The ambassadors of the US and EU Jess Bailey and Aivo Orav visiting the State Election Commission (SEC).

ДИК соопшти дека до 14 часот 2.099 граѓани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од нив, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.