Демонстранти се судрија со полиција во Пакистан

Полицијата во Пакистан го блокира влезот на домот на пакистанскиот опозициски лидер Имран Кан.

Пакистанската полиција со палки и солзавец вчера растурила протест на опозициски активистиво Исламабад каде што демонстрантите фрлале со камења. И покрај владината забрана за протести, демонстранти се собраа и во неколку други градови. Судири меѓу полицијата и приврзаниците на опозицискиот лидер Имран Кан се забележани во Равалпинди, Карачи и Лахор. Полицијата до сега уапсиле неколку десетици демонстранти. Судирите избија откако поддржувачите на пакистанската опозициска партија најавија дека нема да ја почитуваат забраната и дека ќе маршираат кон резиденцијата на премиерот Наваз Шариф барајќи од него да си поднесе оставка.