Тачи очекува да продолжи дијалогот со Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека ситуацијата со дијалогот меѓу Белград и Приштина се прикажува во полошо светло, отколку што е. Тој изрази уверување дека двете страни наскоро ќе дојдат до точка по која е можно повторно нормално да се преговара.

Во интервју за весникот „Пресе“ Тачи истакна и дека ЕУ како посредник во процесот би требало да биде упорна со цел договорените спогодби да бидат спроведени. Тој укажа и дека неодамнешните случувања може негативно да влијаат врз нормализацијата на односите, но додаде дека процесот мора да продолжи.