Министерката за култура на распит за случајот „Тендери“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска објавува документи за истрагата „Тендери“ на СЈО.

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска по распитот во Кривичниот суд за случајот „Тендери“ изјави дека се работи за политички театар организиран од СДСМ и со поддршка од Специјалното јавно обвинителство.

Таа е првоосомничена во случајот за искористување на службените овластувања за фаворизирање на компанијата Бетон-Штип, која е изведувач на градежни работи на Музејот на македонската борба. Во судот беше и обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. СЈО побара мерка претпазливост за Канческа-Милевска, односно одземање на нејзиниот пасош.