Јункер: Мониторингот на Бугарија ќе заврши до 2019 година

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер испрати писмо до бугарскиот премиер Бојко Борисов во кој го информира дека очекува механизмот за мониторинг на Бугарија да заврши до 2019 година. Јункер наведува дека во изминатиот период во рамки на борбата против корупцијата и организираниот криминал, Бугарија покажала дека ги презема неопходните активности за нивно спречување, истражување и преземање казнени мерки. „Убеден сум дека Бугарија ќе продолжи по патот на реформите и ќе може да излезе од механизмот на мониторинг пред истекот на мандатот на сегашната Европска комисија во 2019 година“, посочува Јункер во писмото до Борисов.