"Сахаров" доделена на две жени од малцинството Jазиди

Јазиди Надја Мурат и Ламија Аџи Башар

Двe активистки од курдската секта Јазиди Надја Мурад и Ламија Аџи Башар кои преживееја насилство од џихадистите на ИД се овогодишни добитници на наградата Сахаров. Мурат и Башар беа заробени од терористичката група Исламска држава кога нивното село во северниот дел на Ирак беше преземен од милитантите во 2014 година. Тие успеаjа да избегаат и сега ги промовираат права на жените и малцинствата. Mурад претходно овој месец ја доби наградата Вацлав Хавел за човековите права, која ја доделува Советот на Парламентарното собрание на Европа.Таа исто така беше номинирана за Нобелова награда за мир

Церемонијата на доделување на наградата Сахаров ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур, на 14 декември. Третиот кандидат за наградата е протеран турскиот новинар.

Наградата за човекови права е именувана по познатиот советски дисидент Андреј Сахаров.