Ердоган - Туција нема тајни планови во врска со Алепо

Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган зборува за време на 23-тиот Светски енергетски конгрес во Истанбул на 10 октомври 2016

Воените операции на Турција во Сирија имаат за цел да обезбедат контрола над сириските градови Ал Баб и Манбаџ, но Анкара нема намера нив да ги прошири до Алепо, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Ние водиме заедничка борба против терористичките организации, но Алепо им припаѓа на неговите жители. Би било некоректно да се прават тајни планови за Алепо“, порача Ердоган.

Ваквата изјава на Ердоган следи откако силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад, порачаа дека ако турската армија продолжи да напредува кон нивните позиции северно и источно од Алепо, ќе наидат на решителен и силен отпор.