Русија: продолжен прекинот на воздушните напади врз Алепо

сириски бунтовници во близина на Алепо, 22.10.2016.

Русија соопшти дека го продолжила мораториумот на воздушните напади врз сирсикиот град Алепо иако во меѓувреме од таму пристигнуваат извештаи кои го демантираат тоа. Претставник на руското министерство за одбрана изјави дека од воведувањето на мораториумот на 19 октомври Русија и Сирија немале изведено воздушни напади врз делови на Алепо кои се под контрола на сириските бунтовници. Но, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека нападите продолжиле.