Лавров и Кери разговарале за Алепо

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанок за Сирија, Лозана, 15.10.2016.

Американскиот државен секретар Џон Кери му рекол на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека е загрижен поради обновените борби во сирискиот град Алепо, соопшти Стејт департментот. Двајцата министри при телефонскиот разговор се согласиле дека експерти од неколку земји треба да ги продолжат средбите во Женева за да изнајдат начини за решавање на кризата во Алепо. Лавров му пренесол на Кери дека САД треба да ги исполнат своите ветувања и да ја раздвојат таканаречената умерена опозиција од терористичките групи. Судирите во Алепо продолжија по истекот на тридневното примирје кои го прогласија сириските сили и Русија.