Турската полиција трага по тројца напаѓачи самоубијци

Газиантеп, Турција, 16.10.2016.

Турската полиција била во потрага по тројца терористи на Курдската работничка партија за кои се претпоставува дека подготвуваат самоубиствени напади во Турција, објави турската телевизија НТВ. Според наводи на разузнавачките служби, еден од наводните напаѓачи е странец, идентификуван како Наден Шема. Интернет страницата на НТВ објави фотографија на две жени и еден маж, за кои се смета дека се тројцата осомничени. Податоци и фотографии биле испратени до сите полициски станици во земјата.