Иран против турското мешање во операцијата во Мосул

Иранскиот претседател Хасан Рохани се обраќа пред своите поддржувачи во градот Арак, 23 октомври 2016

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Турција мора да добие дозвола од ирачката влада за да може да учествува во операцијата за враќање на градот Мосул кој сега е во рацете на милитантите од Исламската држава.

„Ние ги сметаме за опасни интервенциите од странство без координација со земјата-домаќин“, рече Рохани за време на денешната посетата на централната иранска провинција Маркази.

Од иранското Министерство за надворешни работи соопштија дека за ниту една земја не е прифатливо под изговор на борбата против тероризам или против други кривични дела да се обиде да го наруши суверенитетот на друга земја.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади повика Турција да се држи настрана од операција за враќање на Мосул.

Вчера турскиот премиер, Бинали Јилдирим рече дека турските сили ги поддржуваат курдските сили Пешмерга кои се борат против ИД во близина на Мосул.