Груевски: Подготвени сме за изборна победа

Подготвени сме за силна и голема победа која што ќе обезбеди стабилност на Македонија, економски просперитет на граѓаните независно од нивната етничка или верска провениенција и победа која што ќе обезбеди државата да излезе од оваа криза во која што ја донесе опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

На средбата се разговарало за подготовките за претстојните избори закажани за 11 декември годинава.

Партијата и коалицијата, посочи Груевски, се подготвени за победа која што ќе овозможи државата да застане цврсто и стабилно и да продолжи по патот на економскиот просперитет, зачленувањето во НАТО и ЕУ и по сите други стратешки приоритети кои ги имаат зацртано.