Турски дипломати побарале азил во Германија

Турската амбасада во Берлин за време на отворањето на новиот објект на 30 октомври 2012.

Министерството за внатрешни работи на Германија денеска соопшти дека 35 турски државјани со дипломатски пасоши аплицирале за азил по неуспешниот воен удар во Турција во јули. Обидот за пуч беше проследен со сериозно казнување на осомничените поддржувачи.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Јоханес Димрот на редовна прес конференција изјави дека во таа бројка влегуваат дипломати и членови на нивните семејства, но не кажа дали станува збор за дипломати кои биле на мисија во Германија.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали за дипломатите и причината зошто побарале азил во Германија.

Во Турската амбасада во Берлин не беа достапни за коментар.