Мигранти протестираат на грчкиот остров Лезбос

Архивска фотографија - Мигранти седнат пред монтажна куќа во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос, 6 октомври 2016.

Повеќе мигранти, претежно до Пакистан протестираат денеска во бегалскиот камп во Мориа на грчкиот остров Лезбос. Тие протестираат поради тоа што се доцни со разгледувањето на нивните барања за азил. Вработените во службата за азил го напуштиле објектот кој мигрантите го запалиле. Пожарникари го гаснат пожарот, а полицијата се обидува да воспостави ред меѓу мигрантите.

Во последните три дена на грчките острови во Егејско Море од Турција пристигнаа повеќе од 330 бегалци, објави грчкиот весник „Етнос“. Вкупно на грчките острови има 11.595 мигранти, а сместувачкиот капацитет е за околу 5.000 лица.