Две жртви во бомбашки напад во Турција

Архивска фотографија

Во експлозија на автомобил бомба во источниот турски округ Бингол загинаа двајца полицајци, а 19 лица биле повредени. Бомбата експлодирала во близина на канцеларијата на гувернерот при што медиумите јавија дека одговрни за нападот се бунтовниците од Курдската работничка партија. Меѓу повредените имлоа петмина полицајци. Турските медиуми јавија и дека неколку часа порано имало обид и за напад на домот на гувернерот.