Ирачките сили на 5 километри до Мосул

Припадници на ирачките безбедносни сили

Ирачките владини сили остварија напредок во офанзивата за ослободување на Мосул од милитантната група Исламска држава. Според извештаите, војската рано утрината влегла во селото Тал Кајф кое се наоѓа на 5 километри северно од Мосул.

Напредокот во борбата против милитантната група се оствари откако ирачките сили вчера ја преземаа контролата врз стратешкиот град Хамданијаш, кој се наоѓа на 12 километри од Мосул. Хамданијаш беше доминантно христијански град пред да биде завземен од милитантите на Исламската држава во авгууст 2014 година.