Јанева- Истражителот се враќа со нас во СЈО

Прес конференција на Специјалното јавно обвинителство

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, вечерва изјави дека истражителот кој беше на информативен разговор во полициската станица Беко е ослободен и се враќа во просториите на СЈО .

Таа појасни дека истражителот бил на задача да обезбеди лице кое било барано во оредена истрага. Јанева која дојде во полициската станица Беко им рече на новинарите да го прашаат командирот на полициската станица за причините поради кои бил приведен соработникот на СЈО.

Од станицата Беко, Специјалната обвинителка се упати кон МВР за да се информира зошто на друг истражител на СЈО му е оневозможено да остане во простриите на оваа институција каде тој ја извршувал својата задача.

Инаку во текот на денот СЈО обезбеди дел од документите од УБК кои им се потребни во истражната постапка.