Јанева повторно се враќа во МВР

Специјалната обвинителка Катица Јанева на Телма изјави дека истражителот на СЈО е избркан од просторијата каде што престојувал, но дека е во МВР. Таа појасни дека во мигов обвинителот е во дворот на МВР.

Специјалната обвинителка во емисијата на Телма најви дека ќе замине во МВР за да изврши увид за ново настанатата состојба во која се наоѓа избрканиот извршител.

Јанева посочи дека никој нема право да опструира и да оневозможи спроведување на судска одлука. Во спротвно за вакви попречување, како што истакна, следуваат кривични пријави.

Во текот на ноќта или во утринските часови СЈО ќе излезе со нови информации за текот на настаните.