Дел од тимот на СЈО продолжува со истрагата во УБК

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на Телма изјави дека дел од тимот СЈО и натаму останува во просториите на УБК.Таа кажа дека обвинителите си заминале, додека истражителите сеуште се присутни во УБК за да надгледуваат и да имаат увид во работењето на службите Таа истовремено ги обвини директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов дека во просториите се задржале подолго од потребното време и си подавале ливчиња по што таа им наредила да излезат. Тимот на СЈО ќе остане во УБК да го чекаат надворешниот експерт, за да присуствуваат на снимањето на материјалите барани со судската наредба.

Инаку попладнето СЈО обезбеди дел од податоците и документите за кои влегоа таму пред два дена.

СЈО влезе во УБК со налог од Кривичниот суд и ги побара сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК и кои се прислушувале во период од 2008 до 2015 година.