САД-Турција и Ирак имаат договор за Мосул

Секретарот за одбрана на САД Аш Картер изјави дека Турција и Ирак постигнаа привремен договор кој би им овозможил на турските сили да учествуваат во операцијата за ослободување на Мосул од борците од Исламска држава

Картер, по разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Анкара рече дека деталите се уште треба да се разработат, а Багдад треба да даде конечно одобрување, но дека Ирак разбира дека Турција "ќе игра улога "во операциите пртив ИД во Ирак.

Ирачките официјални лица побараа турските сили да го напуштат Ирак но Турција ги отфрли овие барања , велејќи дека нејзините сили биле замолени да дојдат во Ирак за да ги обучуваат силите кои се борат против милитантите од ИД

Ердоган ја искажа својата фрустрација дека од Турција не е побарано да биде потесно вклучена во операциите во Мосул.
Картер рече дека Вашингтон ја поддржува улогата на Турција во операцијата во Мосул и истакна дека хуманитарната помош и друга невоена помош е исто така можност за Анкара.